Огнот ги голта луксузните вили на славните во Калифорнија: Изгоре домот на Кејтлин Џенер (фото)


Жителите на Калифорнија прежувуваат вистински кошмар. Поради големата огнена стихија, која се шири со неверојатна брзина, стотици илјади мораа да ги напуштат своите домови за брзо време, не знаејќи дали некогаш ќе се вратат.

Страшните фотографии се шират на социјалните мрежи, а нив им преостана само молитва и надеж дека ветарот нема да стане посилен, а пожарникарите же успеат да го стават покажот под контрола.

Преку своите профили Вил Смит, Ким Кардашијан, Алиса Милано, но и многу други понзати информираа дека морале да ги напуштат домовите, но важно е дека се она што има срце кое чука е на безбедно.

Кејлин Џенер или очувот на Ким Кардашијан кој го промени полот, во последен момент го напуштил домот кој изгоре.

Кејтлин со својата девојка побегнале, а луксузниот дом кој се протега на 325 м2, со прекрасен поглед на Малибу, целосно е изгорен.Потсетуваме, најмалку девет личности го изгубија животот во покажите во северна Калифорнија, додека јужно, познатото летувалиште Малибу е загрозено од друг пожар кој брзо напредува, но сите се надеваат дека наскоро ќе биде под контрола.

FOTO:PROFIMEDIA

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1