Империја „испрала“ најмалку 10 милиони евра


Осомничените во Империја „испрале“ најмалку 10,5 милиони евра, покажуваат првичните истраги. Одбраната на осомничените ги обжaли одлуките за притвор. Адвокатите велат дека нивните клиенти нема да избегаат. „Империја“ на СЈО засега опфаќа 13 луѓе и мрежа на фирми, но истрагата се проширува.
Осомничените во „Империја“ испрале 8 милиони евра пари од Македонија и 2,5 милиони од странство, преку оф шор компании, покажуваат првичните истраги на СЈО, потврдуваат од Специјалното обвинителство за РСЕ. Но ова се само почетните суми, истрагата се проширува и на други лица и фирми, а веројатно ќе има и други кривични дела, велат од СЈО.

Од Судот соопштија дека жалбите се примени.

Жалбите ги темелат на повреда на постапката и на погрешно утврдена фактичка положба.

Дел од одбраната вели и дека немало опасност дека осомничените ќе ги уништат доказите, затоа што тие и законски не мора да чуваат документи повеќе од 10 години, а истрагата, како што соопштија од СЈО се однесува на период од 2002 до 2013.

Од СЈО демантираат написи на одредени медиуми според кои осомничениот бизнисмен Јордан Камчев бил приведен без налог. Од Обвинителството велат дека имало издадено наредба за лишување од слобода и предлог за притвор. Не е точно и пишувањето дека Камчев е приведен без да биде завршен претрес во сите фирми. Од СЈО велат дека последниот претрес е на фирма на која тој не и бил управител. За време на последниот претрес бил присутен управителот и неговиот адвокат, велат од СЈО.

Дел од адвокатите на осомничените во случајот Империја, ја обжалиле одлуката на судот да им одреди притвор на нивните клиенти. Адвокатите за РСЕ велат дека нема опасност нивните клиенти да избегаат и ги отфрлаат, како што велат, тврдењата на СЈО дека нивните клиенти се богати и имаат имот, па затоа може да избегаат. Тоа е едната компонента од барањето за притвор, велат од СЈО, но останува и другата – можност за влијаење на сведоци.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1