Во пожарите во Калифорнија најмалку 42 жртви


Најмалку 42 лица го загубија животот во пожарите кои беснеат на северот на Калифорнија, поради што тие се прогласени за најсмртоносните во историјата на таa сојузна американска држава.

Шерифот на округот Бјут, Кори Хорни очекува бројот на жртвите да се зголеми, пренесува „АП“.

Официјалните лица во моментов не го знаат точниот број на исчезнати, но на теренот ќе бидат испратени два тима на погребалните екипи и околу 150 спасувачи.

„Сакам да пронајдеме што е можно побрзо повеќе тела. Затоа што знам колку патат нивните најблиски“ – изјавил шерифот Хони.

Лиса Џордан поминала повеќе од 1000 километри во потрага за своите вујко и вујна кои страдаат од мултиплекс склероза. Никој не знае дали можеле да се евакуираат, наведува агенцијата.

„Ќе се надевам до крај“ – изјавила Џордан за „АП“.

Официјалните лица во моментов ги утврдуваат причините за огнената стихија која ја зафати Калифорнија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1