Заев: На дел од административните службеници ќе им се заблагодариме


Пред бизнис заедницата премиерот Зоран Заев констатираше дека следната 2019 година и Владата сака да ја прогласи за година на економијата, информираше дека оваа Влада е решена да нема предвремени парламентарни извори, бидејќи тие го забавуваат економскиот раст од 4 до 6 месеци во просек.

Тој додаде и дека дел од администравците ќе бидат пратени на обуки во приватни фирми при што државата ќе ги покрива трошоците додека се обучуваат запреквалификација во приватниот сектор.

„Преку програмите на Агенцијата за вработување ќе им понудиме на приватните компании да преземат дел од јавната администрација, при тоа да им обезбедат соодветна обука, а ние сме спремни од 6 месеци до една година да им обезбдеиме плати додека трае обуката. Но, при тоа приватната компанија да гарантира дека по завршување на процесот на обука ќе го вработи адмимистративецот. Политиката која досега се водела има негативен удел во пополнувањето на јавната администрација. Мора да ја средиме јавната администрација, која е гломазна и неефикасна“, додаде Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1