Груевски може да бара азил по два основа, постапката би траела до 90 дена


Поранешниот македонски премиер Никола Груевски според унгарските закони, може да побара азил врз основа на два услова – ако има статус на лице под заштита или статус на прифатено лице, а постапката би траела до 90 дена.

Според унгарскиот и меѓународниот закон, во земјата секој странец има право да побара азил доколку во неговата земја бил изложен на прогон, тортура или сериозно му биле нарушени човековите права. Пропишани се три основи за добивање азил во оваа централно европска земја.

  • Доколку е бегалец (ако личност ја напуштила својата земја поради оправдан страв од злоставување заради својата раса, религија, националност, политичка определба или припадност на одредена социјална група),
  • ако има статус на лице под заштита (личност на која во неговата земја му се заканува реална опасност од смртна казна, тортура, нехуман или деградирачки третман или казна и ако се соочува со сериозна закана по животот заради оружен конфликт).
  • лице кое има статус на прифатено лице, кое има оправдан страв од прогон, тортура, нехуман или деградирачки третман или смртна казна, но кое неможе да ги ужива бенефициите на статусот бегалец односно на посебна заштита, на пример заради обвинение за сериозно злосторство.

Можноста да побараат азил законот им ја дава и на лица кои илегално влегле на унгарско тло и илегално престојуваат во земјата.

Процедурата за добивање азил се состои од два дела – процедура за усвојување на барањето за азил после која може да почне процедурата за остварување на правото на азил – трае најмногу 15 дена, a процедурата за усвојување на барањето за азил може да трае и до шест месеци.

Доколку лицето добие статус на лице под заштитa, тоа обично трае пет години, но властите можат повторно да го разгледаат или да го укинат порано. Статусот на прифатено лице е во траење од една година, но властите исто така можат повторно да го разгледаат или да го укинат порано. Лицата кои имаат статус на бегалец и статус на лице под заштита не може слободно да патуваат во други земји членки на ЕУ.

Лицата кои се стекнале со право на азил по сите три основи може да ги доведат членовите на нивното семејство во Унгарија.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1