Се потроши серумот против беснило во болниците, бидејќи има голем број на каснати од кучиња


Скопјани кои поради каснување од куче побарале медицинска помош на скопските клиники, велат дека не можеле да добијат серум против беснило бидејќи го нема на Клиниката за инфективни болести. Од таму ги препратиле во Градската општа болница „8 Септември“, но и таму немало, по што се обиделе да купат и во аптека, но добиле одговор дека воопшто нема серум во целата земја, дознава СДК.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје  велат дека минатиот месец биле прегледани и третирани 95 пациенти каснати од кучиња и дека во овој период ги потрошиле резервите од вакцини и серум.

„Во овој период на Клиниката беа потрошени резервите за вакцино и серопрофилакса за тетанус (ампули теталпан , ампули тетабулин), а нивната набавка како и за сите лекови оди со тендерска постапка. Во овој период не сме во можност да распишеме тендер за набавка на истите, и се обративме до Министерството за здравство каде од државните резерви ќе биде надополнет овој дефицит, со што пациентите ќе може по индикација да ја примаат наведената терапија“, велат од Клиниката за инфективни болести.

Од инфективното одделение на Градската општа болница „8 Септември“ велат дека антитетанус вакцина имаат, но дека последните две недели ги потрошиле сите резерви на серум против беснило.

„Нема ниту кај нас, ниту на Инфективна клиника. Секојдневно имаме од еден до тројца пациенти каснати од куче, а од јануари до крајот на октомври сме третирале 317 пациенти каснати од куче, а 210 третирани се и со серумска профилакса“, вели д-р Пецо Илиевски, началник на инфективно одделение во „8 Септември“.

Повеќе на – СДК.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1