Четврток е неработен ден за албанската заедница


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 22 ноември 2018 година (четврток), Денот на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија им го честита Денот на Албанската азбука.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1