Вонредна дезинфекција во Карпош, дете од второ одделение по вторпат заразено со шуга


Дете кое посетува настава во ОУ Владо Тасевски во Карпош по втор пат за осум месеци заболело од шуга. Заразната болест кај второоделенецот ја потврдија и од училиштето.

ОУ Владо Тасевски денеска немаше настава, , во училиштето беше направена целосна дезинфекција. Објектот го посетиле и епидемиолози од скопскиот Центар за јавно здравје.

– Кај ниту еден друг ученик не се појавени симптоми на ова заболување, а во изминатиот период, Општина Карпош направи редовна дезинфекција на училиштето. Во текот на денешниот ден ќе се направи уште една, вонредна дезинфекција. Изолираниот случај на шуга, по втор пат се појавува кај истиот ученик, поради недоволна семејна грижа за личната хигиена, соопштија од Општина Карпош.

Бидејќи кај истото дете по втор пат се појавила заразната болест од училиштето ги известиле и социјалните служби. Според првичните неофицијални информации семејството не било корисник на социјална помош.

Надлежните смируваат дека место за паника нема – бидејќи не е лесно шугата да се пренесе, односно при обичен минимален контакт неможе да се добие шуга, потребен е подолготраен контак или преку постелнина или објекти каде седело заразено лице.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1