Ослободителна пресуда за гинекологот осомничен за смрт на родилка пред три години


Ослободителна пресуда за гинекологот Казимир Копривњак донесе денеска Основниот суд во Тетово.

Копривњак беше обвинет од Јавното обвинителство за тешки дела против здравјето на луѓето, а во врска со смртта на 33-годишната родилка Виолета Кировска во август 2015-тата година. Според судијата Садула Изаири, ослободителната пресуда била донесена по прегледот на сите докази, a клучна улога имале трите вештачења спроведени од експерти .

Aдвокатот на семејството најави дека ќе поднесат жалба на пресудата до Апелациониот суд во Гостивар, и дека ќе се консултираат со Јавното обвинителство.

Виолета Кировска почина на 25 август 2015 година, една недела по породувањето во тетовската клиничка болница. Тогаш во Тетово освен зафатот со царски рез што го извел гинекологот Казимир Копривњак поради обилното крварење врз неа била извршена и операција за вадење на матката и повеќекратни трансфузии на крв и плазма, но и покрај се таа во хеморагичен шок утрото по породувањето биле пренесена на КАРИЛ во Скопје каде починала. И нејзиното новороденче по околу еден месец почина

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1