Министерот за здравство, Венко Филипче се пофали со набавка на 12 возила за Итната медицинска помош за кои ќе бидат потрошени 18 милиони и 300 илјади денари.
Тој потенцираше дека Примарната здравствена заштита е клучна алка во здравствениот систем и зајакнување на капацитетите на примарно ниво е од круцијално значење за подобра здравствена заштита на граѓаните во Република Македонија
Досега Скопје функционираше со само 6 возила. Со оваа јавна набавка, се обезбедуваат дополнителни 6 возила со што се зајакнуваат капацитетите на Брза помош за 100%, а воедно ги задоволуваме и стандардите на СЗО. Останатите 6 возила ќе бидат распределени низ целата држава во оние здравствени домови каде е најмногу потребно.
Според препораките на Светска Здравствена Организација, на 50.000 жители треба да има по едно возило на Брза помош.