Премиерот Зоран Заев најавува закон за амнестија со којшто, како што објасни, би се ослободиле оние кои директно не биле вклучени во насилството и не биле дел од организаторите на насилниот упад во законодавниот дом
Иако Заев не прецизира кој конкретно според него се квалификувани да биде амнестирани сепак од неговото интервју може да се заклучи дека законот би ги опфатил обвинетите пратеници како и иницијаторите на протестите „За заедничка Македонија“.
Според Заев, овој чекор како што вели за помирување преку помилување е неопходен за македонското општество и дециден е дека овој закон не е дел од политички пазар со пратениците од опозицијата кои гласаа за уставните измени.