Унгарски медиуми: Орбан го зел Груевски од Белград со авион?


Дел од унгарските медиуми пишуваат дека Груевски со приватен авион на унгарски олигарх што го користи и премиерот Виктор Орбан допатувал во Будимпешта од Белград рано ноќта на 15ти ноември, односно два дена по објавата на фејсбук, која според оваа верзија, била искористена какко мамка.

Додека се чека исходот од барањето за азил, се погласни се шпекулациите дека Будимпешта е само попатна станица на Груевски. веќе почнаа да кружат гласини дека Груевски веќе и ја напуштил Унгарија

Од МВР велат дека ги проверуваат сите наоди и дека трае истрагата. Она што е познато е дека ќе се проверува евентуалната инволвираност во бегството на Груевски на граничарите во близина на македонско – албанската граница и други службени лица.

Од информациите од албанската полиција, досега е познато дека Груевски влегол на албанска територија нелегално пеш, а потоа откако веројатно во унгарската амбасада во Тирана изразил намера да бара азил, со возило на амбасадата во недела вечерта бил префрлен со Црна Гора. Таа граница, а подоцна вечерта и црногорско-српската граница ја поминал легално со лична карта, со оглед дека тогаш немаше потерница по него.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1