Стоилковски: Притворот на Јанакиески и Божиновски е доказ за злупотреба на судот и на УБК


Судот мора да се ослободи од притисокот и да ги констатира пропустите направени при изрекувањето на мерката притвор на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски. Нема ниту една причина, нема доказ или релевантна информација дека тие имале намера да не ги почитуваат мерките на претпазливост кои веќе им се изречени.

Доколку судот ги отфрли жалбите без никаков аргумент, тоа ќе биде потврда дека правната држава тука повеќе не постои.

Почитувани, Зоран Заев е подготвен да ја жртвува сета држава, сите полициски и гранични службеници, само и само да се спаси себе си од одговорност. Притоа, жртвува и притвора луѓе како Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, или кој и да е на ред за дефокус на јавноста.

Што се не изнаслушнавме од Заев, само да не понесе одговорност или да не замени некој од своите послушници? Според Зоран Заев службите некогаш постапувале, некогаш не, па дозволиво било во граница да се следи, да се прислушува претседателот на државата, па луѓе сме нели, па нечесно било да им побара одговорност на Спасовски, на директорот на УБК, на директорот на Јавна безбедност. Ама затоа, премиерот на држава обвини дека на граничните премини стоеле, го цитирам „партиски војници“, за потоа да признае дека во безбедносниот сектор намерно негативно оценувале вработени за да тие бидат сменети!

Зоран Заев вчера на два пати ја пласираше тезата дека Груевски бил киднапиран!!?? Со сета тежина на премиерската функција, Заев вчера на два пати ја обвини Република Унгарија дека киднапирала македонски граѓанин, поранешен премиер, почесен претседател на опозицијата, притоа, лице кое е дел од правен процес! Ваков срам Република Македонија не заслужува!

Зоран Заев е носител на теророт и политичкиот прогон во Република Македонија, Оливер Спасовски е извршувач на тој прогон. И додека оваа спрега не замине, Република Македонија ќе се соочува и со страв внатре и со јавен меѓународен срам!

Почитувани, истиот двоец креира судбина на државата, плете приказни за тоа кој да заврши во притвор, кој да биде ослободен, кој да лежи за тероризам, а кој да биде помилуван. Ако гласа како што сака Заев! Во Република Македонија повеќе не постои Суд, не постои обвинител, постои само Зоран Заев!

Почитувани, двајца веќе се притворени заради фингирана службена белешка на Управата за Безбедност и Контраразузнување, класифицирана со строго доверливо, за случувања во претседателската палата, за кои и Претседателот на државата и притворените ги демантираа!

Почитувани, сечија слобода во државата денеска зависи од когнитивната способност на Зоран Заев и неговите извршители – министерот за прогон и терор и судијката на чие што име денеска е заглавен АКМИСот. Ова повеќе не е ниту систем, ниту држава, тоа е киднапирано општество со кое владее однароден режим!

Двете политички решенија за притвор на Јанакиески и Божиновски се доказ дека се злоупотребува УБК, дека се следи претседателот Иванов и неговиот кабинет, а се следат и поединци кои се цел на оваа криминогена и однародена власт.

Кој ја издал наредбата УБК да го следи Претседателот Иванов и неговите активности? Какви се’ службени белешки има собрано УБК за работењето на Претседателот Иванов и какви се’ конструкции подготвуваат? Кои други лица се предмет на следење од УБК и кој ги прави списоците на политички неподобните кои што треба да бидат следени?

Почитувани, огромни безбедносни скандали ја тресат Република Македонија заради оваа криминогена однародена хунта на власт. Одговорност мора да има, и ќе има, многу скоро и од Заев и од Спасовски, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1