Училиштето „Владо Тасевски“ вчера беше затворено заради дезинфекција на сите простории, а повторно продолжува со работа в понеделник. Причината е појава на шуга.
Она што зачудува е што семејството на детето не се приматели на социјална помош, како што велат од надлежното министерство, а дали станува збор само за родителска негрижа, односно во какви услови живее ученикот, ќе утврди истрагата на социјалните работници.
Во меѓувреме, за само еден ден, во кожната амбуланта на Бит пазар се регистрирани 4 случаи на шуга, пренесе Курир.
Лекарите за дел од медиумите, зачудено велат дека расте бројот на луѓе кои живеат во нехигиенски услови и доаѓаат да бараат помош токму со дијагноза на оваа заразна болест.