Вечерва протест пред собранието за уставните измени


Протестот се најавува како масовен преку социјалните мрежи, а освен скопјани се очекува со организиран превоз да пристигнат и граѓани од внатрешноста. Протестот е со почеток од 18:00 часот.

Во прогласот на настанот се вели:

“Во согласност со ПРОГЛАСОТ на #Бојкотирам уставни промени се организира натпартиски и сенароден протест за да го спречиме генерацискиот грев и да ја зачуваме Република Македонија за идните поколенија.

#Бојкотирам уставни промени е народна побуна против легитимизација на историското предавство преку нелегално и фингирано 2/3 мнозинство за промена на уставот на Република Македонија, кое делува спротивно на вољата на народот изразена на референдумот на 30-ти Септември.

Бараме:

– Итно и безусловно запирање на процесот на Уставни промени.

– Еднострано правно поништување на октроираниот преспански договор кој беше јасно отфрлен од народот на референдум.

– Стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право.

– Трајна заштита на името на државата, Македонија.

– Распуштање на делегитимизираното собрание и распишување вонредни парламентарни избори”

Како иницијатори се појавува движењето „Македонија бојкотира“, предводено од Тодор Петров, Јанко Бачев и Филип Петровски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1