МВР има сознанија за соучесници во бегството на Груевски


Полицијата и Обвинителството имаат информации за дејствијата и можните соучесници во организирањето на бегството на екс премиерот Груевски. Од МВР за Сител изјавиле дека во координација со обвинителите во моментов се преземаат активности за потврдување на сознанијата, но повеќе детали не може да бидат соопштени бидејќи целата истрага се уште е во тек.
Од МВР велат дека се работи и на истрага внатре во полицијата за да се провери, евентуалната вмешаност на полициски службеници

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР изврши непосредни проверки, собра потребни известувања и изврши увид во службената документација во Одделот за граѓански работи, Одделот за гранични работи и миграции, Секторот за меѓународна полициска соработка, Одделот за заштита на определени личности и објекти, Одделот за оперативна техника и Секторот за внатрешни работи Скопје. Извештајот ќе биде доставен до ОЈО со цел превземање понатамошни мерки“ – велат од МВР за Сител.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1