Петмина Срби денеска се осудени на затворска казна од 5 до 10 години поради нанесување тешки телесни повреди на американскиот студент Бакари Хендерсон во јули минатата година на Закинтос.
Најголема казна, десет години затвор, доби Душан Ранковиќ. Милош Илиќ, Стефан Стојановиќ и Немања Ристиќ добија по девет години затвор како млади полнолетници, Милош Сениќ доби пет години затвор.
Британецот Амир Омарџиќ со босанско потекло е осуден на 15 години затвор.
Бакари Хендерсон минатата година во јули отишол на Закинтос со двајца пријатели.
Во клубот „Бар Код“ во местото Лаганас дошло до тепачка, во која тој настрада.