Поранешен војник во Гватемала осуден на над 5.000 години затвор


Судот во Гватемала осуди поранешен војник на 5.160 години затвор поради масакр на 171 човек, што се смета за едно од најтешките злосторства во 36-годишната граѓанска војна во оваа јужноамериканска земја.

Обвинителите изјавиле дека поранешниот војник Сантос Лопез учествувал во масовните убиства во 1982 година на речиси сите мажи, жени и деца во руралното земјоделско село Дос Ерес.

Лопез бил обвинет дека бил дел од елитната специјална патрола на Каибелес, кој бил испратен во селото дос ерес да пронајде припадници на герилска група којашто напаѓала воени конвои.. Масакрот е изведен во текот на режимот на поранешниот гватемалски воен диктатор Ефраин Риос Монто кој почина во април годинава, под обвинение за геноцид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1