Се палат српските производи на Косово (видео)


Некои жители на косовското село Качаник синоќа ги палеле српските производи и ја снимале оваа акција, која потоа ја објавиле на социјалните мрежи, пренесува „КоССев“.

На снимката може да се види кутија со различни српски производи, меѓу кои чоколади и хигиенски производи како горат.

Според нивните зборови, ова се случило после апелот за бојкот на српските производи.

„После апелот да ги бојкотираме српските производи, некои жители на Качаник се одлучија да ги запалат сите српски производи. Акцијата започна и сега е во тек“ – стои меѓу останатото во објавените видеа на албанскиот сајт „Albeu.com”.

Потсетуваме, откако пропадна обидот на Косово да стане член на Интерпол, во текот на двата круга на гласање на заседавањето на Генералното собрание на оваа меѓународна организација во Дубаи, официјална Приштина ги подигна царините на робата од Србија за 100 отсто. Тоа предизвика остри реакции од Белград, а поради таквиот потег на Приштина одржана е и итна седница на српскиот Совет за национална безбедност.

После седницата, српскиот претседател Александар Вучиќ изјавил дека сите служби во Србија ќе бидат ставени во состојба на зголемена приправност.

Вучиќ навел дека видени се и косовски министри кои се сликаат во продавниците и се фалат со тоа што нема ниту еден производ од Србија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1