Орбан: Груевски е мој сојузник, зад неговиот прогон стои Сорос


Организацијата на Џорџ Сорос стои зад прогонот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за радиото „Кошут“.

Според Орбан, било нормално Будимпешта да му помогне на поранешниот македонски премиер бидејќи тој многу помогнал Унгарија да се одбрани од напливот на мигранти.

– Станува збор за поранешен лидер на блиска земја, земја која имаше клучна улога за справување со нелегалната миграција. Без таа помош ќе беше многу потешко да се одбранат унгарските граници, Човек треба чесно да се однесува кон своите сојузници, рече Орбан, потенцирајќи дека тој и Груевски биле сојузници.

Како што посочи, Унгарија веќе 30 години функционира како демократија, и ова не е прв пат да прима важни луѓе, но претходните случаи немале тежина како тој на Груевски.

Истакна дека унгарските власти ќе ја гарантираат безбедноста на Груевски, кој како што вели, во Македонија се соочува со комплицирани битки.

Прашан за барањето од Македонија за екстрадиција, Орбан рече дека Унгарија ќе обезбеди праведен третман на Груевски, а Владата нема да се меша во правните процедури што ги водат надлежните органи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1