Втор Меѓународен фестивал по саксофон и кларинет „САКСКЛАР“-2018“


Во организација на Детскиот културен центар – „Карпош“ во соработка со Град Скопје, денеска почнува второто издание на Меѓународниот фестивал по саксофон и кларинет “САКСКЛАР“-2018.
На Меѓународниот натпревар кој е со награден фонд, ќе бидат застапени категории за ученици, средношколци и студенти, како и мастер часови.

Натпреварите ќе се одржуваат во сабота и недела во просториите на ДКЦ –Карпош од 9:00 до 15:00 часот. Членови на жирито оваа година се светски прочуените саксофонисти и кларинетисти: Стојан Димов, Вељко Кленковски, Драган Сремец, Жан – Мишел Бертели, Јоргос Лугеридис и Нинослав Димов.

За победниците се предвидени вредни награди.

На задоволство на скопската публика ќе се одржат два концерта кои ќе бидат од хуманитарен карактер.

Првиот ќе се одржи вечерва во ФМУ-Скопје од 20:00 часот на кој ќе настапат странските и домашните гости.

Вториот концерт, со кој воедно ќе се означи и отворањето на фестивалот ќе биде утре вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија од 20:00 со учество на странските и домашните гости на фестивалот, а со пијано соработка на Дино Имери и Ефтихиа Вениота.

Победниците во категории – саксофон и кларинет в недела ќе одржат концерт во ДКЦ – Карпош во 20:00 часот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1