Почина дебарскиот градоначалник Ружди Љата


По кусо и тешко боледување денеска на 65 годИшна возраст почина градоначалникот на Дебар, Ружди Љата.

Љата е роден 1953 годна во Дебар, средно образование завршил на медресето „Алаудин“ во Приштина, дипломрал на Филолошкиот факултет во Приштина на отсектот ориентални јазици каде стекнал и титула магистер. Од 1980 до 1991 година работел во Исламската верска заедница и бил професор на Унверзитетот во Приштина на Катедрата за ориентални јазици. Бил професор и на Исламскот факултет во Скопје и Тетово.

Пред да биде избран за градоначалник на Дебар, во 2013 годна, Љата беше прв човек на дебарското муфтство кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше. Во2017 година граѓаните му ја дадоа довербата вторпат.

Како што информираа од неговиот Кабинет, се уште не се знае кога ќе биде погребот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1