Вулин: Играта со Косово е Вучиќ да биде заменет со некој послушник


Српскиот министер за одбрана Александар Вулин денеска изјави дека „единствен начин за Србија да го признае Косово е (претседателот на Србија Александар) Вучиќ да биде сменет со некој послушен и слаб“.

– (Косовскиот премиер Рамуш) Харадинај и оние од меѓународната заедница кои му дозволуваат да воведува такси и да ко крши ЦЕФТА договорот, тоа го знаат. Затоа, воведувањето такси и покажување сила кон Србите во Косовска Митровица се дел од една иста акција, која за цел има уривање на Вучиќ како нужен предуслов за признавање на целовито и единствено Косово, наведе Вулин.

Тој уште истакна де се додека „Вучиќ ја води Србија, идејата за независно Косово ќе трпи порази, а тоа големите сили не го простуваат“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1