Македонскиот народен театар преку статус на Фејсбук се прости од Горан Стефановски.
-Замина Горан.
Замина токму кога сите го очекувавме да се врати со неговото продолжение на „Бушавата азбука“ и да облагороди уште многу млади генерации.
Замина кога очекувавме некој нов текст, како што со нетрпение и возбуда секогаш очекувавме дека Горан пишува нешто ново.
Замина, но зад себе остави едно огромно богатство како аманет за сегашните и сите идни генерации како сведоштво за едно време кое веќе го нема, а сè уште е актуелно.
Не, Горан не замина. Великаните остануват за навек.
Нема збогум!
Вечна ти слава маестро!, стои во нивниот статус на Фејсбук.