МНТ се прости од Стефановски: Не, Горан не замина, великаните остануват за навек, нема збогум!


Македонскиот народен театар преку статус на Фејсбук се прости од Горан Стефановски.

-Замина Горан.
Замина токму кога сите го очекувавме да се врати со неговото продолжение на „Бушавата азбука“ и да облагороди уште многу млади генерации.
Замина кога очекувавме некој нов текст, како што со нетрпение и возбуда секогаш очекувавме дека Горан пишува нешто ново.
Замина, но зад себе остави едно огромно богатство како аманет за сегашните и сите идни генерации како сведоштво за едно време кое веќе го нема, а сè уште е актуелно.
Не, Горан не замина. Великаните остануват за навек.
Нема збогум!
Вечна ти слава маестро!, стои во нивниот статус на Фејсбук.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1