Две новооткриени лица во Куманово заболени од СИДА


Центарот за јавно здравје Куманово, преку советувалиштето за доверливо, анонимно советување и ХИВ тестирање во текот на овој месец ќе организира предавања за средношколците за ХИВ.

Заинтересираните можат да се обратат и во советувалиштето каде се вршат редовни ХИВ тестови и советувања. Преку својата програма за превенција од ХИВ/СИДА во текот на 2018 година извршени се 120 ХИВ тестирања, советувања, пред и после ХИВ тестирања.

-Она што е значајно е дека две-третини од советувањата ги проследиле лица од машки пол, а останатите од женски пол. Во текот на 2018 година на ниво на државата регистрирани се 41 случај на новозаболени, од кои само два случаи се на подрачјето на Куманово, изјави доктор Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје, Куманово.

Додаде дека новорегистрираните, оваа и претходната година се од машки пол, на возраст од 20 до 39 години, што е 74 проценти од вкупниот број на регистрирани.
Од 1987 година до декември 2018 на подрачје на Центарот за јавно здравје кој ги покрива општините од североисточниот регион, регистрирани се вкупно 26 лица регистрирани, заболени од ХИВ СИДА.
Од таа година досега, на ниво на државата регистрирани се 400 лица од кои 86 проценти се од машки пол. Во однос на начинот на преносот на инфекцијата 53 проценти се лица кои се заразиле преку хомосексуален однос, 38 проценти се инфицирале преку хетеросексуален однос и десет лица се заразиле преку инјектирање на дрога. Годинава од СИДА во Македонија починале три лица, а од 1987 година, 99 лица починале.

-Бројот на починати лица од СИДА се намалува, бидејќи последните години лицата се лекуваат имаат антиретровирусна терапија која ја примаат редовно, така што за ова заболување можеме да кажеме дека станува збор за хронична инфекција, заболување за кое постои терапија, посочи Стаменковска.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1