По пријава поднесена од здружението во Битола за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, Обвинителството започна истрага. Самиот Џафери денес беше повикан да сведочи. Тој не сакаше да коментира ништо за пријавата против него и 67 пратеници и рече дека ќе го остави обвинителството да ја заврши својата работа.
„Како и секој граѓанин, јас Талат Џафери, повикан од Јавното обвинителство, ја исполнив мојата обврска кон релевантната институција за прашањата за кои бев повикан. Немаат што да бараат, но што и да бараат тоа е постапка“, изјави Џафери.
Заедно со Џафери, во обвинителството како сведоци денеска се појавија и пратениците Горан Мисковски и Ферид Мухиќ. Мисовски рече дека обвинението е политички мотивирано и верува дека процесот ќе заврши наскоро без судски епилог.
Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието на 27-ми април пред две години во тензична седница и остра дебата. Бидејќи нему не му беше дозволено да пристапи до говорницата, заклетвата ја даде среде собраниската сала опкружен со пратеници од мнозинството.