Лабрадорот Сали го испрати починатиот претседател Џорџ Буш


Еден од најтрогателните моменти од погребот на починатиот американски претседател Џорџ Буш , беше однесувањето на неговиот дресиран лабрадор Сали.

Лабрадорот Сали , кој бил придружник на поранешниот американски претседател по смртта на неговата сопруга , беше дел од поворката веднаш до ковчегот на Буш. Тој се возеше и во претседателскиот авион , кој го позајми претседателот Трамп за телото на Буш да биде префрлено на гробиштата во близина на Вашингтон.

Кучето, тренирано за помош на воените ветерани и лицата со посебни потреби , ќе ја продолжи својата служба во болницата Волтер Рид.

,, Тоа куче ќе му недостига на нашето семејство, но се тешиме дека ќе внесе исто толку радост во Волтер Рид како и на 41 . претседател . “ напиша синот на Буш , поранешниот 43 претседател Џорџ Буш помладиот. За оваа објава на Инстаграм за неколку часа доби над 250 000 лајкови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1