Роберт Просинечки во тајност повторно опериран


Еден од најдобрите фудбалери во историјата на поренешна Југославија, некогашниот ас на Црвена Ѕвезда, Реал,… актуелниот селектор на селекцијата на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки е повторно опериран .

Според медиумите од БИХ , за разлика од првата операција на тенкото црево, сега славниот фудбалер бил опериран во тајност.

-Просинечки повторно морало да биде опериран, поради тоа што раната по првата операција бавно зараснувала. Втората операција е направена во саботата. Просинечки добро го поднел оперативниот зафат, а неговата состојба во моментов е стабилна, пренесе Аваз повикувајќи се на анонимен извор.

Инаку Просинечки прв пат беше опериран на 23 ноември, зафатот траел цели три часа.

-Селекторот Просинечки е вратен на интензивна нега. Засега постоперативниот процес оди добро, а ако така остане на крајот на неделата ќе биде вратен на оделение на Абдоминалната клиника, пренесе Аваз.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1