ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне се очекува да одржи нов протест што треба да почне од штабот на партијата и да заврши пред Владата.
Минатата среда, опозициската ВМРО-ДПМНЕ одржа протест на кој лидерот на партијата Христијан Мицковски најави дека секоја среда ќе се одржуваат протести во главниот град и дека протести ќе има и во другите градови низ државата. Тој побара оставка од Владата бидејќи, како што рече, за година ипол ја уништила Македонија.