Собранието на Република Македонија утре напладне ќе одржи Комеморативна седница по повод смртта на Љубиша Георгиевски, поранешен претседател на македонското Собрание. Георгиевски ја извршуваше функцијата претседател на Собранието на Република Македонија во периодот од 1 август 2006 година до 21 јуни 2008 година.