Александар Василевски-Нинџа: Протестите во собранието на 27 април координирани од функционери на ВМРО-ДПМНЕ


На 27 април сите ние бевме само статисти во филм, а за тоа никој не беше свесен.. Вака пред судот се бранеше обвинетиот Александар Василевски – Нинџа.

Иако не бил вработен во Управата за безбедност и контра-разузнавање, поседувал значка, оружје, радио станица.. Соработувал и со началниците на петата управа, Горан Грујовски и Никола Бошковски па поседувал многу информации.

Рече дека фиктивни биле водачите на протестите на Заедничка македонија и со нив управувала ВМРО-ДПМНЕ.

Ги посочи четворицата обвинети дека ги гледал во партискиот штаб а се сомневал и дека добиваат пар.. Василевски – Нинџа рече дека на 27 април му се јавил директорот на УБК, Владимир Атанасов и му рекол да остане во Скопје оти имал сознанија дека СДСМ ќе избира собраниски претседател.

По започнувањето на протестот, бев повикан во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, рече Василевски и додаде оти повеќемина од партиското раководство разговарале на телефон.

Ја слушнал Билјана Бришковска како објаснува дека пратениците не успеале да направат инцидент во пленарната сала па побарала од претседавачот со седницата да ги отвори вратите на собранието.

Обвинетиот Василевски пред судот рече дека требало да биде прогласена воена состојба но заради странски притисоци, претседателот на државата не го сторил тоа.. Појасни дека вработени во УБК ги одзеле дисковите за безбедносните камери во собранието, ги уништиле на преса а деловите биле фрлени во Вардар.

Со сведочењето на Василевски заврши доказната постапка на одбраната.. Судењето продолжува со завршни зборови..

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1