БиХ- Татко си ги убил трите мали деца, па се обесил


Мажот кој вчера во Бихаќ во Босна и Херцеговина, ги убил своите три деца, а потоа извршил самоубиство, според неофицијални информации, се вика Адмир Совиќ и има 37 години, пишуваат медиумите во БиХ.

Тој неодамна се доселил во бихаќката населба Мали Луг, а денеска околу 17 часот се одлучил на монструозниот чин, кога ги убил своите малолетни деца, а потоа и себе.

– Полицијата околу 17 часот доби дојава дека С.А. (1981) ги убил своите три малолетни деца во населбата Мали Луг, а потоа извршил самоубиство, соопштено е од Министерството за внатрешни работи.

Трагедијата во полиција ја пријавил шурата на Совиќ, а кога стигнала полицијата на местото на настанот ги затекнала мртви телата на четирите лица. Според неофицијални информации, покрај телото на Совиќ пронајдени се телата на две машки деца и едно девојче.

Соседите велат дека Совиќ се занимавал со поправка на земјоделски машини и дека живеел со сопругата и децата како потстанар. Додаваат дека не го познавале добро, како ни неговата сопруга, бидејќи тука се доселила неодамна.

Совиќ, наводно, и на сопругата и рекол дека ќе ги убие децата и ќе се самоубие, ако таа го остави.

Како што јави Олобоѓење, едно од децата било во трето одделение, а другите две се уште биле во претшколска возраст.

Увидот кој долго траеше го извршија повеќе истражители и полицајци.

Од МВР на Унско-санскиот кантон за медиумите соопштија дека до завршувањето на истрахата нема да објавуваат никакви информации.

Овој стравичен настан ги вознемири жителите на оваа бихаќска населба, а причината поради која 37-годишниот маж се одлучил на ваков грозоморен потег, се уште не е позната.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1