Понеделник прогласен за ден на жалоста во Охрид по повод ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски.На вонредната седница советниците со едноминутно молчење му одадоа почит на првиот човек на градот . Сите културни, спортски, забавни и други настани и манифестации закажани за утре се откажуваат.
Во седиштето на СДСМ Охрид отворена е книга на жалост во која граѓаните го изразуваа своето сочуство простувајќи се од Стојаноски и се одржа комеморативна седница на која беше потенцирано дека градот и партијата чиј член беше Стојаноски изгубија човек со бескрајна енергија,силна посветеност на работата и со јасна визија за градот со кој раководеше.
Граѓаните сеуште се во шок и неверување дека ја изгубил битката со животот тие преку телеграми и коментари на социјалните мрежи се простуваат од Стојаноски.
Градоначалникот Стојаноски беше оженет и татко на две деца.
Утре во општинската зграда ќе се одржи комеморативна седница а посмртните останки ќе бидат изложени од 12 до 14 часот во капелата на градските гробишта во Охрид.