Укинати визите за македонските граѓани за Колумбија


Укинати се визите за македонските граѓани за Колумбија, соопшти денеска амбасадорот на Македонија во Бразил, Ивица Боцевски.

– Укинати се визите и за Колумбија, најбрзо растечката економија на континетот, втората најбројна држава од Јужна Америка и волшебната земја од романите на Габриел Гарсија Маркес, напиша Боцевски на својот Фејсбук профил.
Следни за списокот за укинување визи за македонските граѓани се Уругвај и Парагвај, а веќе слободно патуваме во Бразил, Аргентина, Чиле и Перу. Боцевски додава дека безвизниот режим ги зголеми обврските за македонската амбасада во Бразилија, но засега, наведува, соработката е одлична и со македонските туристички компании и со македонските иселеници на континентов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1