Премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас ќе бидат номинирани за Нобеловата награда за мир за 2019 година за нивните заложби и потпишувањето на Договорот од Преспа, пренесува Канал5.
Добитничката на Нобеловата награда за мир во 2016 година Видет Бучамауи утре на официјална церемонија ќе ја објави номинацијата на двајцата премиери за престижната награда.
Бучамауи во изјава за Дојче Веле вели дека Договорот го гледа како исклучително значаен процес кој заслужува да биде номиниран за Нобелова награда за мир.
Договорот од Преспа меѓу Грција и Македонија е успешен пример за мирно решавање на транснационалните спорови, порача денеска генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш.
Иницијативата за номинирање на Заев и Ципрас за Нобелова награда првично произлезе од американскиот професор Едвард Џозеф кој во колумна во магазинот „Форин полиси“ напиша дека договорот создава модел за решавање на идентитетски судири кои водат до конфликт не само на Балканот туку и во целиот свет.
Процесот на номинации за Нобелова награда секоја година почнува во септември и трае се до февруари. Во март се прави кратка листа од номинираните по што тече процесот на ревизија на номинациите. Наградата се доделува во декември.