Силувано 3-годишно девојче во Индија


Овој грозоморен чин се случил на шестгодишнината од бруталното силување на студентката која почина од повредите откако група насилници ја нападнаа во градски автобус.

Тригодишно девојче од Индија е во критична состојба откако наводно е силувано од нејзин сосед во Њу Делхи.

Обвинетиот е уапсен, а во прашање е 40-годишен чувар кој работел во зградата во која детето е силувано.

Полицијата го нашла онесвестеното девојче и го пренела во болница на операција.

Инцидентот се случи во неделата, а ја потсети Индија на трагичната жртва на силување во автобус, рече комесарката задолжена за правата на жените во Њу Делхи, Свати Маливал, и додаде дека овој напад предизвика протести во цела држава и доведе до заострување на законите за силување.

Се уште не се знае во каква состојба е силуваното девојче и дали ќе го преживее нападот.

Локалните жители по инцидентот го нашле напаѓачот и го нападнале, пишува Times of India.

Извор од полицијата рекол дека морале прво да го доведат во болница да му се санираат раните нанесени од нападот на жителите.

Родителите на девојчето, кои работат кога има работа и платени се по дневница, биле отсутни за време на нападот, а тој наводно го намамил девојчето со слатки.

Според новиот закон, напаѓачот може да добие и смртна казна.

Инаку статистиките и податоците за сексуалното злоставување во Индија се запрепастувачки.

– На секои два и пол часа во Индија е силувано по едно дете помладо од 16 години, на секои 13 часа се силува дете помладо од 10 години.

– Бројот на пријави за силување се зголеми од 8.541 во 2012 година на 19.756, во 2016 година

– Повеќе од 10.000 деца се силувани во 2015 година.

-240 милиони жени во Индија се мажени пред да наполнат 18 години.

– 53,22 отсто од испитаниците во владино истражување пријавиле дека се жртви на некаков вид сексуално злоставување

– 50 отсто до напаѓачите на децата им се познати како луѓе од доверба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1