После два месеца од последниот скандал со заштитата на приватноста на корисниците, Фејсбук открива уште еден голем пропуст. Станува збор за грешка во Фото-АПИ системот што овозможила преку независни апликации да се пристапи до необјавени текстови и фотографии, зачувани на приватните профили, но од различни причини несподелени во јавноста.
„На пример, ако некој внесе фотографија на Фејсбук, но не успее да ја објави, можеби заради губење на конекцијата, проблем со интернетот или итен повик, ние копија од тие материјали чуваме за да може корисникот по извесно време да си го заврши започнатото“, изјавил директорот на одделот за софтверски инженеринг, Томер Бар.
Се проценува дека таквата сситемска грешка погодила дури 6,8 милиони корисници, а до нивните фотографии можело да се пристапи од 1.500 апликации.