Грчките синдикати за 18 октомври закажаа штрајк против мерките за штедење .
Главните грчки синдикати во државниот и приватниот сектор ќе оддржат 24-часовен штрајк во знак на протест против новите мерки за штедење.
Синдикатите ГСЕЕ и АДЕДИ одлучија да го организираат штрајкот, додека грчката влада ги продолжува преговорите со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд и штрајкот ќе се совпадне со средбата на врвот на ЕУ.
-Ние сакаме владата да ги повлече овие ужасни мерки, кои не доведоа до оваа ситуација, изјави Илиас Илиопулос, главен секретар на синдикатот во државниот сектор АДЕДИ.