Бесплатни станови за деца без родители


Секое дете без родителска грижа кое ќе го напушти домот за згрижување на деца, ќе добие стан за живот од државата.

Ова го одлучила Владата на вчерашната седница одлучила да се превземат мерки за унапредување на животниот стандард на социјално ранливите групи.

Становите ќе бидат бесплатни и ќе се користат без никакви временски одредби. Исто така ќе се воведат измени во законот во однос на вработувањето на децата без родители при што Министерството за труд и социјална политика добило ингеренции за изготвување на приоритетни модели за вработување во јавната администрација и приватниот сектор за вработување на деца без родителска грижа.

Бесплатно ќе биде и користењето на услугите во библиотеките за припадниците на социјално ранливите групи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1