Денеска е Св. Спиридон Чудотворец.
Неговите чудотворни мошти сега се на островот Крф и ден денес Го прославуваат Бога со многубројни чуда.
Поради благоста по која овој светец е запаметен, Свети Спиридон го прославуваат децата и мајките. Обичај е тие денеска што повеќе време да поминат заедно во разговор и дружење, за светителот да види колкава е нивната љубов и поврзаност.
Исто така, болните веруваат дека може да бидат излечени ако денешниот ден го поминат во некој манастир.
Постои предание според кое Свети Спиридон, од време на време, се симнува на земјата преоблечен во просјак или сиромав за да провери како живеат луѓето и дали и натаму знаат да покажат љубов и грижа кон блиските. Затоа се верува дека на денешниот празник не е добро да се одбие некој кој ќе ви побара помош, па ако на улица сретнете просјак мора да му помогнете или да му дадете милостина, зошто на тој начин го почитувате самиот Свети Спиридон,
За овој чудотворец се врзуваат неверојатни приказни, а една од нив е дека од змија направил злато и му го дал на некој сиромав да го врати долгот.
Се верува дека дури го запрел и текот на реката, воскреснал неколку мртовци, а ги излекувал и царот Константин од тешка болест.