Засега 15 амнестирани и 14 не амнестирани


Во понеделник ќе бидат познати имињата на сите амнестирани, кои беа обвинети за насилството во Собранието на 27 април. Досега, по донесувањето на Законот за амнестија, 15 лица се амнестирани, а 14 не.

Беа амнестирани и водачите на иницијативата „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски – Бетмен, Борис Дамовски и Владо Јовановски.

Илиевски на фејсбук помеѓу другото напиша:

Само слободата е правда. Да ја има за сите невини.

По донесувањето на Законот, за настаните од 27 април минатата година, 66 обвинети поднесоа барање за амнестија. Но, меѓу нив не се Митко Чавков, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ и Душко Лазаров кои решија обвинителството на суд да се обиде да докаже дека се виновни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1