Два верижни судири се случиле на делницата од Ибарската магистрала во близина на Белград.
Како што јавуваат српските медиуми, сообраќајот во овој дел е отежнат и се одвива забавено, а формирани се колони долги 15 километри во двата правци.
Поради снегот значително е забавен сообраќајот и за обиколницата околи Белград, како и на Ибарската магистрала, јавува Авто-мото сојузот на Србија.