Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција кажа дека денови се во прашање кога ќе бидат соопштени деталите од истрагата за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.
-Дилеми не треба да има. Ако Обвинителството утврди дека има пропуст за бегството на екс премиерот Груевски, одговорност ќе има и ќе се побара – кажа Заев.