Паричката од бадниковото лебче и годинава, како и во петте претходни се паднала кај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откриваат за „Лидер“ од ВМРО-ДПМНЕ.
– На православните верници им го честитам големиот празник, со искрени желби за добро здравје, бериќетна година и успеси. Она што го посакувам на секој еден од вас е да бидете среќни, заеднички да градиме иднина, и да покажеме одговорност кон нашата земја. Сплотени, исправени да се издигнеме над неправдите, тешкиот живот, да ги победиме црнилата. Нашата борба е за правда, за благосостојба и стандард, за квалитетно здравство и конкурентно образование, за приносно земјоделие, задоволни граѓани!, им порача денеска Мицкоски на граѓаните.