Апелација пресече: За смртта на малиот Алмир ќе има ново судење


Апелацискиот суд во Скопје донел одлука со која предметот за смртта на малиот Алмир Алиу во Куманово, го врати на повторно судење.

Во овој предмет на шест години затвор беше осуден кумановецот Бобан Илиќ кој се товареше за сообраќајна несреќа со смртни последици.

Условна казна од шест месеци затвор, со првостепената пресуда, доби татко на Алмир, Седат Алиу, кој уште со двајца други, во истиот случај беше обвинет за насилство бидејќи критичната вечер го нападнале по Илиќ во кумановската болница.

Илиќ првично се товареше за убиство со умисла, но на рочиштето за завршните зборови обвинителството го преквалификуваше делото во сообраќајна несреќа со смртни последици.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1