Георгиевски до ВМРО – ДПМНЕ: Дајте му на Заев двајца пратеници за да не го уценува Беса


Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски во телевизиско интервју јавно упати совет до неговата поранешна партија како да го одбрани македонскиот идентитет.

– ВМРО-ДПМНЕ мора да стане државотворна партија во овој момент. Еве, јавно ќе дадам еден совет, кој не сум го пратил тајно на никого во ВМРО-ДПМНЕ. Сега имаме уцена од оние двајца пратеници на Беса, за да се избрише придавката „македонско“ (кај државјанството – н.з.). Замислете Заев да е во таква ситуација, да треба да попушти и таа да се избрише, само за да помине Договорот со Грција? И што сега? ВМРО-ДПМНЕ и други патриотски партии ќе бидат среќни со тоа? Јас не би бил среќен. Во овој момент таа ситуација би била еден добар мост за да се каже: Еве, вие покажавте дека сте неспособни да организирате 80 пратеници, ние свесно ви даваме двајца, само Македонија да не прави нови отстапки во Договорот со Грција – советува Љубчо Георгиевски во интервју на ТВ „24“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1