И покрај студот и снегот денеска демонстрантите излегоа на протест пред Собрание поради седницата за финалната фаза од уставните измени.
Тие велат дека протестот е за одбрана на македонското име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и против, како што наведуваат, „најголемото национално предавство“.
На протестот учествуваат членови на граѓанските здруженија „Македонија блокира“, „Христијанско братство“, партијата „Единствена Македонија“, „Твордокорни“.
Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и зголемено присуство на полицијата.
Македонија, Предавници и Платеници ечи пред Собрание каде седницата ќе започне во 15 часот.