Руското обезбедување пристигна во Белград- неговиот тим од 250 луѓе ќе контролираат каде се движи и што јаде Путин


Улиците по кои ќе поминува Рускиот преседател ќе бидат затворени, шахтите заварени, а на зградите ќе бидат Руски снајперисти, наведуваат соговорници за српси „Курир“

Првиот човек на Русија, наредната недела во четврток ќе биде во Белград на состанок со Српскиот претседател Вучиќ, а доаѓа со 250 руски обезбедувачи, а дел од нив се веќе пристигнати во Србија, додека другиот дел пристигнува со него.

Тие го следат на секое патување, а во соработка со Руските агенди и припадници на српската полиција и служба за безбедност, мерките за обезбедување се подигнати на највисоко ниво.

Тука се подразбира и целосно затварање на небото над Србија за сите летови, додека доаѓа Путин. Неговиот авион ќе биде следен од српски воени авиони се додека не слета, а се проценува дека ќе бидат ангажирани 4000 до 7000 полицајци, заедно со прпадниците на специјални единици и војкската на Србија.

Улиците по кои ќе се движи претседателот ќе бидат затворени, шахтите заварени, а на зградите ќе има руски снајперисти, додека граѓаните кои живеат во тие згради ќе им биде нареедено да не излегуваат на терасите, а прозорците и завесите да бидат зтворени.

Поради високо ниво на безбедност ќе се проверуваат и пешаците, посебно на автобуските и жележничките станици.Во неговиот тим од 250 луѓе, има и специјалисти за хемиско оружје, но има и такви кои ја испитуваат јраната и водата која Путин треба да ја конзумира.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1