Вајгл: Во јуни оваа година треба ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија


Европратеникот од Либералите, Иво Вајгл, во изјава за МИА им честиташе на пратениците, јави дописничката на МИА од Брисел.

Тој порача дека со гласањето на потребните измени за Преспанскиот Договор во Македонија, а потоа, се надева и во Грција, Европската унија „треба да ги отвори преговорите со Северна Македонија во јуни оваа година, како што и беше ветено на земјата“.

– За земјата која од денес го носи името Северна Македонија, а останува горда татковина на Македонците, Албанците, Ромите и сите други заедници, Собранието донесе историска одлука. Се отвораат вратите за влез на земјата во ЕУ и НАТО, како и перспектива за плодни односи со соседните земји во регионот. Со договорот од Преспа, владите во Атина и Скопје покажаа дека со меѓусебните спорови кои ги оптоваруваат односите можат само да се решат со добронамерни и трпеливи преговори и договори – рече Вајгл за МИА.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1